Категории

Непроценливо е да не се мешаш во туѓите животи…

Непроценливо е да не влегувате во туѓите животи, не замарајќи се со она што прават тие, кој што мисли и говори, туку едноставно и без многу филозофија да го живеете својот живот.

Непроценливо е да престанеш да се жалиш за малите работи, проблемчињата кои некогаш ги преценуваме и да се биде свесен дека сето тоа би можело да биде полошо. Непроценливо е, колку толку да се ослободиш од лошите навики, но уште повеќе од оние лоши луѓе во својот живот кои ве оптеретуваат, ве прават нервозни и несреќни.

Непроценливо е да се потпреш на своето искуство и да тргнеш напред низ животот свесен дека слободата е најголемиот подарок кој не се продава за ништо во животот. Непроценливо е да пронајдеш стотина причини за насмевка кога животот ќе ви понуди деведесет и девет причини за плачење. Непроценливо е да имаш можност да го направиш првиот чекор наназад но само за да земе залет за нова животна трка и да ги остави позади себе сите оние кои ви говореле дека нема да успеете.

Непроценливо е да знаеш да се справиш со својот страв и сомнеж, да сфатиш дека тие не мора денес да бидат твои господари, туку дека може да бидат орудие во вашите раце со кое ќе направите нешто величенствено. Непроценливо е да не бидеш достапен секој момент од својот живот туку да имаш една оаза на мирот во која секогаш ќе можеш да се тргнеш во моментите на различни животни невремиња. Многу нешта се непроценливи, само треба да научиме да ги цениме.

Прегледи:
424
Објавено на:
03.12.2019