Категории

Нешта кои никогаш не треба да ги споделувате на социјалните мрежи

Иако некои од нив неретко ги споделувате со задоволство, треба да размислите подобро пред да го направите тоа следниот пат.

Сведоци сме дека во последно време се повеќе нешта од приватниот живот луѓето ги споделуваат на своите социјални мрежи. Од слики кои не се примерни за споделување освен со членовите на семејствотоо до статуси кои прераскажуваат расправии со партнерите. Има нешто и во тоа што во денешно време поголемиот дел од врските започнуваат благодарение на социјалните мрежи и апликациите за запознавање. Од таа причина стручњаците ги издвојуваат овие нешта кои никогаш не би требало да ги споделувате со другите на социјалните мрежи.

Ултразвук
Прво доаѓа љубовта, па потоа бракот, а потоа објавата за бременоста на социјалните мрежи. Иако гинеколозите често предлааат вестите за бременоста да се држат во кругот на блиските луѓе до второто тромесечие, некои луѓе не можат да чекаат. На социјалните мрежи се почеста е појавата да се објавуваат слики од ултразвук. Многумина ќе честитаат со слатко исчекување, но не мораат да го знаат баш секој дел од твојата бременост.

Селфи на кое се бакнувате со партнерот
Некои парови сакаат да ги споделуваат романтичните мигови со своите пријатели на социјалните мрежи. Така на пример, не им е чудно да објават слика на која се бакнвуаат со партнерот. Една слика на новопечен пар може да помине, но ако продолжите со такви слики постои веројатност дека голем број пријатели и познаници ќе ве отстранат од пријатели. Не само што на луѓето не им се пријатни за гледање таквите слики, туку можат да ги повредат оние пријатели кои немаат среќа во љубовта.

Скапи подароци
Вашето воодушевување со поклонот кој долго сте го посакувале или поклонот со кој ве изненадиле не се споделува на социјалните мрежи со пријателите. Во нивните очи тоа изгледа неблагодарно и плитко. Многумина во денешно време не стојат најдобро со финансиската состојба па објавувањето на скапи поклони изгледа површни и делува како фалење. Исто така би можел да го навреди вашиот партнер затоа што поклонот бил наменет само за вас а не и за вашите пријатели.

Раскинување
Поштедете ги вашите пријатели од грдите недали кога ќе се разделите со партнерот, Не треба да имаат увид баш во се што се случува во вашиот љубовен однос и да ја знаат секој драма. Објавувањето статус дека сте раскинале со партнерот навистина не би требало да биде приоритет во ваква ситуација.

Објавување непристојни слики од партнерот
Испраќањето голи слики на партнерот кој е во гужва или во стрес би можел да биде еден од начините на заведување. Но тие слики би требале да останат исклучиво помеѓу партнерите. Со тоа веројатно би се сложиле и твоите пријатели, на кои не им е баш пријатно да гледаат такви слики на својот тајмлајн. Можеби сте горди на партнерот, но тоа не ви дава за право да ги објавувате таквите слики без дозвола.