Категории

Нешта кои жените ги бараат од мажите а не би требало

Девојките сакаат да си играат игри со мажите и да го покажат своето „јас“. Тоа дури и има и малку шарм, меѓутоа, жените треба да знаат дека понекогаш умеат да претеруваат со барањата и некогаш не треба да ги преминуваат границите.

„Мораш да бидеш мој најдобар пријател“
Прво, никој на никому ништо не му должи. Второ, да би сакал да биде ваш најдобар пријател не би спиел во ист кревет со вас. Трето, мажот без оглед на тоа колку ве рабира – не е ваш најдобар пријател. Никој не вели дека не би бил тука да ве ислуша и помогне во тешки мигови, но да очекувате со часови да ве слуша што сакате да купите, каков е вашиот шеф, и кој е најновиот трач – тоа сигурно е премногу.

„Престани да гледаш жени“
Зарем вие не гледате во други мажи? На пример, во теретана или кафич, во странецот од спротива на ресторанот кој изгледа згодно. Ако сте во врска тоа не значи дека во вас умрел интересот за спротивниот пол својствен за човековата природата.

„Не комуницирај со своите пријатели“
Зошто би ги напуштил своите пријатели поради вас? Ако не ви се допаѓаат тоа е не е валиден аргумент. Не морате вие да комуницирате со нив, но немате право да му забраните нему да комуницира со нив. Нему му се потребни дружења со пријателите, за ручек, утакмица, бар. Се е фер.

„Твојата мајка повеќе нема да дојде кај нас“
Војната со свекрвата „потенцијална или веќе официјална“ е најлошото од се. Само мирно разговарајте и пронајдете компромис. Можете да се состанувате во неутрална територија. Ако тоа едноставно не ви се допаѓа, едноставно не го покажувајте тоа. Таа му е најблиска личност, па ќе му биде доста непријатно.

„Нема да имам секс со тебе се додека ти..“
Со оваа „мотивација“ нема ништо да постигнете. За почеток: мажите не се толку примитивни за да можат да бидат контролирани. Покрај тоа, ова однесувањ потсетува на уцена или на услуга: дајте ми производ а јас тебе тело. Звучи така зарем не?

Прегледи:
631
Објавено на:
01.10.2020