Категории

Нешта кои жените ги прават одбивни за многу мажи

Ова се аларми за висока фрекфенција кои кај мажите го активираат статусот „бегај и спасувај се“.

Тоа не се некои карактерни мани и слабости, сите ги имаме, па некако се вклопуваме, толерираме, трпиме. Секоја жена е склона да го гуши мажот, било да е свесна за тоа или не, а тие се програмирани да се спротивставуваат ако чувствуваат дека нешто ги притиска или гуши. Ова се аларми за висока фрекфенција кои кај мажите го активираат статусот „бегај и спасувај се“.

Немаш пријатели – тој ти е се
Конечно се дофати за маж, и сега тој е твое сонце, месечина и ѕвезди и немаш друга работа отколку тоа по цели денови и ноќи да бидеш како негов сијамски близнак. Колку и да сте заљубени, секој од вас треба да има свој живот и своја независност за да не се угушите еден со друг. Ако сега немаш свој живот и партнерот ти е смислата на твојот живот, веројатно порано или подоцна ќе мораш повторно да бараш смисла.

Посесивност и љубомора
Овој облик на однесување укажува на лабилна личност, емотивна оштетеност и психолошки проблем. Работете на себеси наместо да го „давите“ партнерот.
Претераното праќање на пораки мажите го сфаќаат како облик на контрола и досадување затоа што вие очекувате да ви одговори, а ако не ви одговори веднаш, тогаш мора да објаснува зошто не го направил тоа. Некои мажи немаат проблем со допишување или и сами го користат како облик на контрола, но некои се баш алергични на вашата константна потреба за комуникација.

Детско однесување
Слатките имиња и прекари можат да бидат слатки, но имитирањето на детски и бебешки гласови може да биде иритантно. Однесувај се спрема него како спрема маж а некако спрема дете.

Постојано жалење
Бидете сигурни дека вашиот партнер ќе побегне со брзина на светлината доколку постојано се жалите за нешто. Се жалите зошто не поминува повеќе време со вас, се жалите на неговите навики, однесување, изглед, пријатели, начинот на кој го поминува своето време, уредноста. Во почетокот ќе се труди да ве задоволи но потоа ќе бара начин да избега.

Премногу драматичност
„Кралицата на драмата“ и не баш привлечна во очите на мажите. Претераното драмење и преувеличување на ситниците многу брзо ќе го умори и ќе бара начин како да се спаси од вас.в

Прегледи:
655
Објавено на:
15.06.2020