Иако мажите не се доволно добри во уметноста на изразување, тие сепак одлично запазуваат.
Во прилог во ги претставуваме малите работи кои вие несвесно ги правите, а мажите ги обожаваат…
# Љубов… мажите ја сакаат љубовта. Тие никогаш тоа нема јавно да го признаат, но сепак е вистина. Мали компромиси и жртви кои ги правите за него, му значат многу.
# Погледот е важен… тука се мисли на оние мали скриени погледи кои му ги упатувате од време на време. Мажот сака кога така го гледате, не само што сака него тоа го возбудува.
# Пуштете ја косата… тој ужива во погледот кога ја префрлате косата од една страна на друга. Обожава да ве гледа кога сте замислени како вртите прамен коса околу прст. Затоа девојки, грижете се за косата и употребете ја нејзината магија.
# Насмејте се… најдобра шминка која секоја дама може да ја стави на своето лице е насмевката. Иако звучи како клише, сепак мажите обожаваат кога нивната сакана се смее. Уште повеќе сакаат кога знаат дека тие ве насмеале.
# Одлучност… тој сака кога сте фокусирани и одлучни. Тоа е уште еден неодолив момент за него.
# Кога ја облекувате неговата гардероба… кога ќе ја искористите неговата кошула, за вас тоа не е ништо посебно но за мажот значи дека сте негова. Плус изгледате совршено во вреќаста облека