Категории

Нешто посебно им се спрема на 3 хороскопски знаци во февруари: Проверете дали сте меѓу нив!

Вториот месец од годината ќе им донесе голема среќа

Месецот февруари ќе биде прилично интересен период, особено поради ретроградниот Меркур. Но, не грижете се, енергијата ќе биде многу попозитивна отколку во јануари.

На 9-ти февруари нè очекува полна месечина во Лав, само неколку дена пред Марс да се сретне со Јупитер, Сатурн и Плутон во Јарец, што ќе донесе големи промени.

 

Овие три хороскопски знаци ќе почувствуваат најмногу позитивни промени!

 

Близнаци – Сè започнува да има смисла

Преминувањето на Сонцето во бунтовната Водолија преку Деветтата куќа ќе ви донесе олеснување, ќе се почувствувате како да сте на врвот на светот. Без разлика дали планирате патување во странство или професионално усовршување, цело време ќе бидете фокусирани на вашите лични цели. Вашата владејачка планета Меркур ќе биде ретроградна во вашата куќа на кариерата.

Искористете го ова време за да ги прегледате, размислите и да ги преиспитате вашите професионални цели. Исто така добро време е и да ги поставите потребните граници во деловното опкружување.

 

 

Вага – Ве очекува одличен период исполнет со успех и добро расположение

Дали сте подготвени за голем успех, Ваги? во февруари ќе бидете во центарот на вниманието на многу начини и ќе ви биде многу убаво. Ќе имате силна желба, но и можности за хуманитарна работа. Здравјето ќе ви цвета.

Полната месечина во Лав ќе ви ја потресе малку куќата на пријателството, но тоа нема да биде ништо лошо, напротив, ќе донесе јасност во оваа област од вашиот живот, а вашите надежи и желби ќе се кристализираат и нема да има пречки да ги достигнете. Ќе уживате и во областа на љубовта.

 

Водолија – Ве очекуваат големи благослови

Вие го славите вашиот роденден, Водолии! Во текот на месец февруари ќе имате причина да се смеете. Вашиот владетел Уран сега оди по права линија, а тоа само по себе е предност за вашиот знак.

Меркур ќе влезе во вашето поле на финансии на почетокот на месецот, така што вашата финансиска состојбата ќе се подобри. Полната месечина во Лав ќе го разниша полето на љубовта, но со овој „земјотрес“ многу работи ќе станат појасни и ќе знаете во која насока да одите кога станува збор за вашиот сегашен партнер.

Прегледи:
485
Објавено на:
05.02.2020