Категории

Неверојатна љубовна приказна на британски пар: Пред венчавката дознале дека се запознале уште како деца

Многу двојки веруваат дека судбината ги споила, но вистината често е помалку магична. Всушност, повеќето од нив се среќаваат сосема случајно …

Дали некои парови се предодредени да бидат заедно, без разлика дали е напишано во ѕвездите одамна, додека тоа дури звучи како сценарио за романтична комедија? Прочитајте ја приказната за овој британски пар и пресудете сами.

Приказната започала во 2011-та година, кога Хајди Паркер и Ед Савит , се уште не запознати еден со друг, се запишуваат на универзитетот Њукасл во Тајн. Во тоа време тие беа целосни странци и студираа различни предмети.

Хајди студирала економија и менаџмент, и Ед психологија и бизнис, немаше шанса да присуствуваат на исти предмети. Сепак, судбината имала различни планови … Во текот на првата година на колеџот, Ед се преселил во куќа во која Хајди некогаш живеела. Откако се преселил во новиот дом, решил да направи сосема обична домашна работа.

Мажoт и домашните работи

Ед сакал да ги испере валканите алишта, но не знаел како да ја вклучи машина за перење и сушење. Веќе неколку дена се обидувал, но не можел да ја вклучи машината. Сфатил дека му е потребна помош. Тој побарал докумнти каде што била адресата на поранешните жители, па испратил порака на девојката по име Хајди. Малку подоцна, Хајди се појавила во куќата и му покажа на новиот закупец како работи машината.

И таму почнале искрите…

Кога Хајди се појавила на вратата на Ед, веднаш го привлекла и ја поканил на состанок наредниот ден. За среќа, привлечноста била од двете страни, така што Хајди и Ед се согласиле од прва… Првиот состанок бил совршен, па на крајот на вечерта испланирале уште еден. Тие тврдат дека веднаш почувствувале силна врска и тие се чувствувале како да биле отсекогаш запознаени, иако тие само што се сретнале.

Работите станале сериозни

По неколку излегувања, Хајди и Ед помининувале повеќе време заедно. По неколку недели, целосните странци станале двојка во сериозна врска. ,,Знаевме дека ќе бидеме заедно засекогаш”, вели Хајди за нивната врска, и  нивната врска со текот на времето станала посилна. По дипломирањето, тие немале проблем да се префрлат од студент во ,,возрасен”.

Запознавање со семејствата

По дипломирањето Ед и Хајди почнале да живеат заедно. Тие знаеле дека односот ќе трае, па решиле дека е време нивните семејства да се сретнат. Откако се преселиле во нов стан, испланирале вечера со своите мајки…  Вечерата била закажана во Wandsworth, Јужен Лондон, каде се сретнале со мајките Кеј Паркер и Фиона Савит. За време на вечерата се чинело дека мајките се согласуваат, што било големо олеснување за младата двојка.

Финален тест

Ед и Хајди биле многу приврзани за нивните семејства, па било важно нивното мислење за иднината која им претстоела. Откако виделе дека мајките се согласуваат, конечно можеле да се релаксираат. Не само што Фиона и Кеј се согласувале, откриле и дека имаат многу заедничко. И двете биле среќни раскажувајќи како ги воделе семејствата на едрење во текот на зимата. Во еден момент за време на вечерата, Кеј почнала да зборува за тоа како семејството многу патувало додека Хајди била мала девојка.

Хајди и нејзиниот ,,дечко”

Кеј раскажала како биле во Gumbet, Турција, кога Хајди имала 6 години. За време на патувањето Хајди сретнала момче кое било на одмор со своето семејство. Тие две недели децата биле неразделни, а семејството се шегувало  дека тој бил ,,дечкото” на Хајди … Таа кажала дека името на момчето, исто така, било Ед, како и нејзиниот сегашен дечко. Кога Фиона ја слушна таа приказна, била толку изненадена што истурила чаша вино. Сепак, разговорот се свртел кон други теми, па наскоро ја заборавиле таа слатка приказна.

Чистење на таванот

Додека сите заборавиле на таа приказна, Кеј не можела да се ослободи од чувството дека оваа приказна не е случајност. Неколку недели подоцна, таа го чистела таванот и нашла една кутија на која пишувало ,,Gumbet, јуни 1997 година”. Во кутијата имало фотографии од патувањето, вклучувајќи  и слика на момчето со кого Хајди ги поминала тие две недели. Кеј одлучила да и се јави на Фиона, бидејќи откри дека тие биле во Gumbet во исто време. Кога Кеј и испратила на  Фиона некои од фотографиите, таа се шокирала…

Вистината изгегла на виделина

,,Кога Кеј ми испрати слика со момчето, извикав: ,,О, мој Боже, тоа е Ед! “, вели Фиона. ,,Тоа е невозможно! И кажав на Фиона, а потоа најдовме многу повеќе фотографии. Никој не помисли дека Ед и Хајди се запознале пред студиите “, изјавила таа за медиумите кои ја пренесоа оваа приказна.

Им било судено

,,Не верував во судбина додека не дознав”, рекла Хајди. ,,Очигледно бевме предодредени да сме заедно!” Парот се венчал во Haddon Hal, опкружен со своите пријатели и семејства. ,,Луда е помислата што можевме да стапиме во брак, да живееме цел живот заедно и никогаш да не дознаеме дека сме се сретнале како деца”, вели Хајди.

Денес, двојката живее во Лондон, каде што Ед има кафуле, а Хајди работи во една голема компанија. Семејствата се многу блиски и редовно одат заедно на одмори.

Прегледи:
434
Објавено на:
26.03.2018