Категории

Неверојатни факти за мозокот кои досега не сте ги знаеле

Како што знаете, човековиот мозок е многу сложен и интересен за проучување. Ова се некои од неверојатните факти за мозокот поткрепени со научни истражувања.

Тежина на мозокот

Дали некогаш сте се почувствувале како да ви тежи главата? Можеби имате главоболка? Повеќето од луѓето не се свесни дека човековиот мозок е всушност тежок и не е едноставно да функционира ефективно во текот на целиот ден.

Згора на тоа, мозокот користи приближно дваесет проценти од кислородот и енергијата на целото тело. 

Најголемиот дел од мозокот се состои од вода

Веројатно знаете дека човековото тело содржи огромна количина на вода. Истото важи и за мозокот кој дури 73% е составен од вода. Исто така важно е да се напомене дека на мозокот му треба внесување вода преку оганизмот за да функционира правилно. Само 2% дехидрација може да има негативно влијание врз меморијата и концентрацијата. Затоа, внесувајте вода секојдневно.

Мозокот е многу моќен орган

Не е изненадување фактот дека мозокот е многу моќен орган. Но, веројатно не сте свесни колку е голема неговата моќност. Проценето е дека информациите во мозокот патуваат со брзина од 260 милји на час. Ова е многу побрзо од просечен болид на Формула 1 трките.

Мозокот се развива со текот на времето

Бебињата се раѓаат со поголеми глави за да има доволно простор за мозкот кој расте. Според некои истражувања, мозокот на еден тинејџер не е целосно развиен во тие години. Тој ја достигнува својата конечна големина и капацитет на 25 години.

Мозокот кај мажите е поголем

Низ годините се развива голема дебата во врска со интелигенцијата на мажите и жените. Иако можеби не менува ништо, научно докажан е фактот дека мажите имаат поголеми мозоци. На просечно ниво тој изнесува за 10 проценти поголем од мозокот на жената. Меѓутоа, ова не важи за сите делови од мозокот. Жените имаат поголем „hippocampus“, кој е одговорен за нормалната функција на меморијата. Тоа значи, дека иако мажите имаат поголеми мозоци жените имаат подобра меморија.

Има способност да формира нови клетки

Често постои заблуда дека мозокот не може да развие и формира нови клетки. Ова всушност не е вистина. Мозокот формира нови клетки, како во младоста така и во повозрасните години.

Во минатото, научниците верувале дека мозокот не трпи никакви промени во текот на животот уште од детството. Денес, докажано е дека промени во мозокот се случуваат низ целиот живот на една личност.

 

Прегледи:
655
Објавено на:
07.12.2017