Категории

Неверојатно емотивен момент: Шимпанзо се простува од својот чувар пред смртта

Шимпанзото Мама боледувала од неизлечлива болест и одбивала се околу себе – луѓе, храна и пријателите, се до доаѓањето на нејзиниот омилен професор. Ова прекрасно видео ќе ги омекне и најтврдите срца…

Познато е дека шимпанзата имаат слични особини со луѓето, како мозочната функција, изразот на лицето и карактерот. Некои генетички испитувања дошле до заклучок дека еволуциските патишта на шимпанзата и луѓето се раздвоиле пред приближно 6 милиони години. Но, да ги ставиме истражувањата и гените настрана.

Во ова видео ќе ја видите приврзаноста на шимпанзото Мама со професорот Jan van Hooff, кои се познавале повеќе од 40 години, поточно од 1972 година.

Мама на почетокот не го препознала, но набргу сфатила кој е и понатаму очигледни се изразените емоции на радост и среќа. Видеото е снимено минатата година, а Мама умрела само недела дена по емотивната посета на професорот.

Прегледи:
430
Објавено на:
28.11.2017