Категории

„Никогаш не сум носел ништо потешко од празнина на овој свет“ – Кукла од Памук

„Ништо не трае вечно,
тоа беше единствената вистина
која требаше да ја знам.
Во градите носев илузии за вечност,
и љубов која морав да ја живеам сам.
Болката беше моето второ име
но нели за ништо не вреди да се пати,
ден по ден собирав буќети од солзи
верувајќи дека можеби болката
во живот ќе ме врати.
Ја нагрнав својата сенка
како топол кадифен шал,
и ја запишав во душата на индиго
вистината во која верува
светот наивен и мал.
Целиот живот во себе носам празнина,
која ме стега како чевел со помал број,
додека се трудев да бидам свој човек,
таа ме претвори во било кој.
И сега би ја продал оваа празнина
за тежината на сторени гревови пет,
затоа што никогаш не сум носел ништо потешко
од празнина на овој свет.“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
707
Објавено на:
04.08.2020