Никогаш немојте да бидете со некој кој одбира кога ќе ве третира добро. Никогаш немојте да бидете со некој кој ви дава наредби…
Никогаш немојте да бидете со некој кој делува премногу таинствено.
Кој го крие телефонот од вашиот поглед. Некој кој никогаш не ви дава одговор кога ќе поставите прашање.
Никогаш немојте да бидете со некој кој ве тера да се сакате помалце.
Некој кој ве прави неинтелигентни. Некој ве прави непривлечни. Некој го ве прави да се чувствувате недостојни за нивната наклонетост.
Никогаш немојте да бидете со некој кој ве тера да го прогонувате.
Некој кој одбива да ви испрати порака, кој постојано бара да се трудите околу него и постојано вие да ја планирате секоја средба и да го водите секој разговор. Некој кој делува мрзеливо затоа што знае дека вие ќе го направите првиот чекор.
Никогаш немојте да бидете со некој кој одбира кога ќе ве третира добро.
Некој кој ќе ве сака неколку денови а потоа ќе ве игнорира. Некој кој го менува своето расположение спрема вас постојано и покажува почитување само понекогаш.
Никогаш немојте да бидете со некој кој се грижи само за себе.
Некој кој мисли дека е постојано во право. Некој кој одбива да прави компромис со вас или да ви се извини. Некој кој има проблем да превземе одговорност за своите постапки.
Никогаш немојте да бидете со некој без совест.
Некој кој ги занемарува вашите потреби, н не се чувствува лошо поради тоа. Некој кој ве лаже без чувство на вина.
Никогаш немојте да бидете со некој кој ве прави да се чувствувате непријатно.
Кој делува супериорно над вас. Некој со кого морате да чекорите како по лушпи од јајца како би избегнале конфликт. Некој кој ви врши притисок да направите нешто кое не го сакате.
Никогаш немојте да бидете со некој кој очекува да го изберете над се останато.
Некој кој очекува да ги откажете плановите со пријателите само за да поминувате време со него. Некој кој очекува да се откажете од работата, семејството, нештата кои ги сакате само за да поминувате повеќе време со него. Некој кој очекува да се откажете од се во животот и да се посветите само нему како да е единствениот извор на среќа во вашиот живот.
Никогаш немојте да бидете со некој кој чува тајни од вас.
Некој кој се преправа дека е во ред а всушност не е. Кој сокрива делови од себеси и се преправа во друга личност пред вас.
Никогаш немојте да бидете со некој кој ви дава наредби.
Кој ви кажува каква облека смеете да носите и со кои пријатели смеете да контактирате. Некој кој ве тера да барате дозвола од него пред да направите нешто.
Никогаш немојте да бидете со некој кој ја истура својата лутина врз вас.
Некој кој станува насилен кога не го добива она кое го сака.
Никогаш немојте да бидете со некој на кого не му значите ништо.
Некој кој е во ред со едностраниот однос. Некој кој одбива да ви пружи рака и да ви помогне, некој кој зема од вас но никогаш не дава.