Категории

Никогаш немојте да бидете со некого поради овие нешта

Не дозволувајте да се најдете во ваква ситуација

1.Никогаш немојте да бидете со некој кој делува премногу таинствено. Некој кој го крие телефонот од вашиот поглед, некој кој никогаш не дава одговор кога ќе му поставите прашање.

2.Никогаш немојте да бидете со некој кој ве тера да се сакате себеси помалце. Некој кој ќе ве прави неинтелигентни, непривлечни. Некој кој ве прави недостојни за неговата наклонетост.

3.Никогаш немојте да бидете со некој кој ве тера да го „прогонувате“. Некој кој одбива прв да ви испрати порака, некој кој чека постојано да го планирате секое излегување и да го водите секој разговор. Некој кој делува мрзливо затоа што знае дека вие ќе направите се место него.

4.Никогаш немојте да бидете со некој кој избира кога ќе ве третира добро. Некој кој ќе ве сака со недели, а потоа ќе ве игнорира цел месец. Некој кој ја менува својата мелодија на секои неколку дена. некој кој само понекогаш ви покажува почит.

5.Никогаш немојте да бидете со некој кој се грижи само за себеси. Некој кој мисли дека е секогаш во право. Некој кој одбива да направи компромис со вас или да ви се извини. Некој кој има проблем да превземе одговорност за своите постапки.

6.Никогаш немојте да бидете со некој без совест. Некој кој ги занемарува вашите пораки, и не се чувствува лошо поради тоа. Некој кој ве лаже во лице без да чувствува вина за тоа.

7.Никогаш немојте да бидете со некој кој ве прави да се чувствувате непријатно. Некој кој делува супериорно над вас. Некој со кој морате да чекорите како по лушки од јајца за да избегнете аргумент. Некој кој ви врши притисок за да имате однос а вие не го сакате тоа.

8.Никогаш немојте да бидете со некој кој ве прави да се чувствувате виновни поради вашите емоции. Некој кој ве нарекува разгалени кога ќе се вознемирите. Некој кој ве прашува дали сте во ПМС секогаш кога ќе ги искажете своите чувства. Некој кој наоѓа начин да ја преврти секоја ситауција така што тој ќе е жртвата и која вие сте ја навредиле.

9.Никогаш немојте да бидете со некој кој очекува да го изберете над се останато. Некој кој очекува да се откажете од вашите најблиски, пријатели, цели, соништа. Некој кој очекува да се откажете од вашата работа за да би поминувале повеќе време со него. Некој кој очекува да се откажете од се затоа што смета дека тој е единствениот поради кој треба да се чувствувате среќни.

10.Никогаш немојте да бидете со некој кој ви дава наредни. Некој кој ви кажува како да се облекувате, со кого да се дружите. Некој кој ве тера да барате дозвола од него пред да излезете од дома. Некој кој делува надмоќно.

Прегледи:
499
Објавено на:
29.12.2019