Категории

Нобеловата награда за медицина во раце на научниците кои ги открија рецепторите за температура и допир

Добитници на Нобеловата награда за медицина во 2021. година се научниците Дејвид Џулиус и Ардем Патапутиан за откривање на рецептори за температура и за допир.

„Нивните револуционерни откритија овозможија да се разбере како топлината, студот и механичката сила можат да ги поттикнат нервните импулси кои ни овозможуваат да перцепираме и да се прилагодиме во светот“, објави жирито на Нобеловата баграда во Каролинскиот Институт во Стокхолм.

Поради пандемијата на коронавирус, многумина очекуваа оваа година наградата да ја добијат научниците кои помогнаа во нејзиното сузбивање, како на пример оние кои ја открија вакцината на база на иРНК.

Објавата на добитниците на Нобеловата награда за медицина претставува вовед во недела во која ќе следат обелоденувањата на добитниците на Нобеловата награда за физика, хемија, за литература и за мир.

В понеделник ќе биде познат и добитникот на наградата за економски науки, спонзорирана од Шведската банка.