Категории

Нов Гинисов рекорд: Запознајте го најнискиот брачен пар

Пауло Габриел и Качусија Лај Хосино влегоа во Гинисовата книга на рекорди како Најнизок брачен пар во светот. Младенците од Бразил имаат комбинирана висина од 181 сантиметар.

00

Качусија е висока 91,13 сантиметри, а нејзиниот сакан 90,28 сантиметри. Со својот рекорд тие се надеваат дека ќе им покажат на луѓето дека сите треба да бидат третирани на ист начин, независно од физичкиот изглед.

„Ние се надеваме дека нашиот нов рекорд ќе го охрабри светот да гледа преку физичките разлики на другите и да разбере дека сите луѓе треба да бидат третирани еднакво“ – вели парот.

02

03

04

 

До својата 21 година, Пауло не можел да оди самостојно. Желен за независност, во тинејџерските години тој започнал да користи детски велосипед со три тркала за да се движи и да ги извршува основните секојдневни потреби. Во 2008 година, тој успеал да научи сам да оди со помош на ортопедски чизми.

„Ние можеби сме ниски, но имаме големи срца и многу љубов еден за друг, како и за сите други во нашите животи. Нашиот живот не е без предизвици, но ние сме среќни што можеме да се справиме со предизвиците заедно“ – вели Качусија.

06

07

09

10

Погледнете го видеото …

Прегледи:
433
Објавено на:
21.11.2016