При бирање место за живеење, комфорот е најважното нешто по кое трагаат сите. Големите станови се секогаш одличен избор, но цената не е секогаш прифатлива за секој џеб. Но, дали помалите станови се доволни за едно семејство со двајца возрасни и две деца?
Светските дизајнери за мебел сега создадоја нов т.н. ,,паметен мебел” со кој заштедувате многу простор. Едноставно работните масички преку ден можете да ги користите за да ги исполните дневните обврски, а навечер можете да ги претворите во кревет. Потоа зад украсните полици од дневната соба можете да вградите брачен кревет за гости или пак од масичката за кафе да направите трпезариска маса! Погледнете го видеото подолу и не чекајте! Одберете го вистинскиот мебел за вас кој ќе ви заштеди простор и пари.