Категории

Нова вакцина против корона: Ќе биде доволна само една доза за заштита од вирусот

Веста за новата протеинска вакцина на француската компанија „Санофи“, која наскоро треба да пристигне во Хрватска, предизвика голем интерес кај луѓето поради својата делотворност и разликите со досегашните достапни вакцини.

„Нема никаков генетски материјал, не е т.н вакциина РНК или ДНК, туку чист протеин кој влегува во нашето тело и веднаш делува на имунолошкиот систем. Она што е исто така важно е дека овие вакцини се релативно слични на традиционалните вакцини на кои сме навикнати, на пример како тетанус и слично“, изјавил познатиот имунолог Златко Тробоњача за хрватските медиуми.

„Ако компанијата „Санофи“ предвидува можност да се произведат антитела кои нема да го покриваат само изворниот облик на вирусот, туку и останатите соеви, тогаш може да има големо значење во сузбивање на постоечките соеви“, додал тој.

Меѓутоа, оваа можност треба сѐ уште да се проучува.

Вирусот постојано мутира, па прашање е колку им се исплати на компаниите да произведуваат и пласираат вакцини против секој сој кој ќе се појави.

Прегледи:
490
Објавено на:
19.09.2021