Категории

Новата принцеза на Дизни нема да има дечко!

За разлика од сите нејзини претходнички како Снежана и Заспаната убавица, најновата принцеза на Дизни нема да има принц. Иако најновиот анимиран филм од Дизни нема да пристигне сѐ до 23-ти ноември, сепак уште од сега се зборува доста за него.

Уште минатиот месец режисерите на анимираниот филм, Џон Маскер и Рон Клементс, пред публиката на “Comic-Con” го претставија тизерот за филмот посветен на принцезата Моана.

Имено, филмот ќе биде во целост посветен на херојската авантура на Моана и ќе биде фокусиран на нејзиниот независен карактер, што претставува голем чекор за Дизни принцезите кои досега зависеа од нивниот принц.

Во последниве неколку години Дизни почна доста да работи на динамичните карактери на принцезите, па можевме да ги погледнеме Мерида од “Brave” и Елса од “Frozen” кои исто така немаа љубовен интерес.

q2

Приказната за Моана е сместена пред 2.000 години во Пацифичкиот океан, каде хероината започнува авантура за спас на светот, со помошта на пријателот Мауи.

https://www.youtube.com/watch?v=jqmcxLUSRTQ

Прегледи:
396
Објавено на:
27.08.2016