“Lampshading” како што популарно го нарекуваат модните трендсетери е новиот тренд кој вклучува чизми или сандали над колена и oversized маици во стилот на туника. Овој тренд особено го популаризира кланот Кардашијан-Џенер, а и бројни ѕвезди после нив како Криси Тиген, Кејт Мос, Џиџи и Бела Хадид..
На афтер партито на MTV филмските награди Џиџи Хадиди и Кендал Џенер се појавија облечени во беж-шампањ комбинации и ни докажаа дека овој тренд нема така лесно да го напушти центарот на вниманието.