Категории

НОВОГОДИШЕН ЉУБОВЕН ХОРОСКОП – 5 хороскопски знаци кои ќе пронајдат нова љубов

Енергијата од затемнувањето на Месечината во Бик во ноември 2021 година ќе ги стави љубовта и сексот во преден план. Тоа ќе влијае на нас така што ќе нè охрабри да ги отфрлиме сите пречки и стеги и да најдеме начин до сензуално задоволство. Сонцето во Шкорпија ќе ги продлабочи нашите најдлабоки и најскриени желби, додека Месечината во Бик ќе ја води нашата потсвест кон задоволување на сите сетила. На почетокот на декември, затемнувањето на Сонцето во Стрелец ќе донесе уште една шанса за „магија“ пред новата година.

Еве кои хороскопски знаци можат да ја очекуваат најголемата среќа во љубовта за време на новогодишните празници:

Бик
Сезоната на празници ќе ги зголеми желбите и желбата на Бикот. Под влијание на Уран и Сатурн, вашата сензуалност и заводливост ќе бидат во преден план. Ако сте во врска, пробајте нешто ново во спалната соба. Доколку сте слободни, подгответе се за нова романтична авантура. Иако мразите пормени, тие можат да бидат многу забавни.

Рак
Оваа празнична сезона, љубовта ќе ве најде каде и да одите. Со неколку планети, вклучувајќи го и Плутон, кои ве туркаат да нурнете подлабоко во искуството на љубовта и романтиката, ова е година каде што сè е можно – старите врски можат да станат нови, она што ве повредило ќе биде заборавено, а нови љубовници можат да влезат во вашиот живот.

Шкорпија
Затемнувањето на Месечината во Бик во ноември ќе се спротивстави на вашиот Сончев знак и ќе ја активира вашата романтична линија. Во вашиот знак до 14 декември е и Марс, планетата на страста, агресијата и сексот. Ова ќе ви даде самодоверба да ги исполните вашите најголеми желби. Ако забележите симпатичен странец, направете го првиот чекор. За оние кои се во врска, ѕвездите велат да се продлабочи интимноста

Стрелец
Поради вашата владејачка планета, Јупитер, имате тенденција да бидете прилично среќни цела година. Особено оваа празнична сезона, Нептун и Марс ќе ви донесат среќа во љубовта. Марс во вашиот знак ја разгорува желбата за романса и будење на страста. Доколку сте во врска, направете романтична атмосфера и потсетете се зошто на прво место сте се заљубиле во партнерот. Доколку сте слободни, направете промени во изгледот, ве очекува интересна средба.

Јарец
Од сите знаци на зодијакот, Јарецот ќе биде најсреќен за време на празниците бидејќи Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе минува низ вашиот знак до март. Ова е добро време да ги искористите вашите заводливи моќи за да привлечете нови луѓе. Очекувајте длабоко страсна врска, особено ако запознаете некој нов помеѓу 9 декември и новогодишната ноќ. Можеби се чувствувате како да сте се запознале во минатиот живот.

Прегледи:
1319
Објавено на:
21.11.2021