Категории

Новогодишни традиции низ светот- се палат фотографии, се оди на гробишта, се кршат чинии…

Нова Година го означува крајот на еден и почетокот на нов циклус во живеењето на луѓето. Ова е празник кој ни дава шанса за нови почетоци, за поправање на грешките и создавање нови планови и амбиции. Новата година се празнува низ целиот свет, на најразлични, а понекогаш и чудни начини.

Еквадор

Во оваа држава во Средна Америка, луѓето се собираат и точно на Нова Година отпочнуваат со палење на сите фотографии кои означуваат некој посебен настан од годината што заминува. На тој начин тие ја ослободуваат душата на луѓето што била заробена на тие фотографии.

Чиле

Во Сантијаго, главниот град на Чиле, огромен број луѓе, непосредно пред полноќ на новогодишната вечер, со столчиња, храна и пијалаци се упатуваат на гробишта. Таму, тие ја почнуваат Новата Година со душите на покојните.

Данска

Данците во текот на целата година собираат чинии, кои на новогодишната ноќ ги фрлаат пред вратите на своите пријатели. Оној што ќе најде најмногу искршени чинии пред својата врата значи дека има најмногу пријатели кои му посакуваат сѐ најдобро во Новата Година.

Австрија

Австријците имаат обичај на денот пред Нова Година да растопуваат олово и да го истурат во сад со вода. Според она што ќе се оформи од жешкото олово тие ја претскажуваат својата судбина во наредната година. Топчестите форми навестуваат среќа, поаглестите форми предвидуваат потреба од помош, а ако случајно се оформи крст, тогаш тоа значи смрт во семејството.

Порторико

Жителите на оваа островска држава веруваат дека старата година треба да се измие, за новата година да им почне потполно чисто. На денот пред Нова година тие ги чистат и украсуваат домовите, а непосредно пред полноќ се мијат во леѓен и водата ја фрлаат низ прозорецот, за да замине со старата година.

Прегледи:
386
Објавено на:
25.12.2017