Категории

Нутриционистите советуваат: Само кафето подготвено на овој начин е здраво!

Овие чекори се клучни во подготовката на омилениот напиток на кој малкумина можат да му одолеат

Многу истражувања докажале дека кафето има низа предности за организмот. Тоа ја подобрува работата на мозокот, ја зголемува концентрацијата и одлично разбудува, но од друга страна може да му наштети на желудникот и на срцето. Меѓутоа, постојат мали трикови кои го прават овој напиток здрав и подобар за конзумирање.

Самото чисто кафе според истражувањата на наауката е одличен и корисен напиток, но кога во него додаваме млеко или шеќер, со тоа ги смалуваме неговите бенифиции. Затоа нутриционистите имаат решение, со помош на овие совети и понатаму можете да уживате во одличниот вкус а позитивните ефекти ќе бидат присутни.

Додадете природна арома
Ако сакате во кафето да додадете природна арома, тогаш најдобро е да додадете нешто природно. Додатоците кои изобилуваат со калории и шеќер е најдобро да ги избенувате. Обидете се да додадете чаша чист екстракт од ванила или посипете малку цимет во шолјата кафе.
Докажано е дека циметот ја одржува стабилноста на нивото на шеќерот во крвта, а освен тоа тој помага во намалување на ризикот на срцеви болести и го одржува нивото на холестерол.

Прегледи:
412
Објавено на:
20.11.2019