Категории

Обединети најпопуларните супермодели на ’90-тите

Наоми Камбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Хелена Кристенсен и Карла Бруни заедно зачекорија  а модната писта во чест на покојниот Џани Версаче.

После 20 години од трагичната смрт на надалеку чуениот дизајнер и создавач на модната куќа Versace, неговата сестра наследничка, Донатела Версаче организира специјална ревија во текот на модната недела во Милано.

Заедно со претставувањето на новата пролетна колекција со која оддаде чест на својот брат, оригиналните супермодели на ’90-тите се здружија да ја поддржат оваа посебна прилика.

Држејќи се за раце петте престижни модели зачекорија на пистата заедно со дизајнерката на финалето на ревијата облечени во златни Versace тоалети што ја изненади и воодушеви публиката.