Бендот секоја седмица ќе одржува стрим во живо од своите концерти се додека не заврши карантинот во кој ќе можат да уживаат сите нивни обожаватели
Познатиот британски алтернативен рок состав Radiohead се придружи на многубројните уметници кои помагаат на луѓето ширум светот да се забавуваат додека се во изолација.
Бендот најави дека секоја седмица ќе објавува стрим од некои од своите концерти се додека не се заврши карантинот кој е воспоставен со цел спречување на пандемијата на вирусот Covid-19.
Првиот концерт кој беше емитуван е “Live From a Tent” во Даблин од 2000 година, а публиката може да го гледа на Youtube сервисот.
Славниот состав последниот албум “A Moon Shaped Pool” го објави во 2016 година.
Концертот можете да го гледате тука: