Категории

Обожавателите на Radiohead отсега ќе имаат можност да следат live stream од нивните концерти

Бендот секоја седмица ќе одржува стрим во живо од своите концерти се додека не заврши карантинот во кој ќе можат да уживаат сите нивни обожаватели

Познатиот британски алтернативен рок состав Radiohead се придружи на многубројните уметници кои помагаат на луѓето ширум светот да се забавуваат додека се во изолација.
Бендот најави дека секоја седмица ќе објавува стрим од некои од своите концерти се додека не се заврши карантинот кој е воспоставен со цел спречување на пандемијата на вирусот Covid-19.

Првиот концерт кој беше емитуван е “Live From a Tent” во Даблин од 2000 година, а публиката може да го гледа на Youtube сервисот.
Славниот состав последниот албум “A Moon Shaped Pool” го објави во 2016 година.

Концертот можете да го гледате тука:

Прегледи:
463
Објавено на:
10.04.2020