Категории

Од неа трепките растат како луди: Маска што можете сами да ја направите дома!

До долги и густи трепки може да се дојде многу брзо

Ако фантазирате за долги трепки, имаме добри вести. Можно е да се забрза нивниот раст многу лесно, а вие имате сè што ви треба во вашиот дом.

Понекогаш дури и најдобрата маскара не може да го даде ефектот што сакаме да го постигнеме, а да се стават вештачки трепки е комплициран процес, затоа ќе ја обожавате оваа маска.

Кокос, рицинусово масло, вазелин и витамин Е се состојки кои имаат позитивен ефект врз растот на трепките, како и на веѓите. Овие состојки создаваат филм околу трепките, со што ги  штитат, а истовремено ги хидрираат и со тоа значително се намалува кршењето.

Рецептот за трепките можете да го примените и на косата и веѓите. Ќе биде подеднакво ефикасна.

 

Потребно е:

  • 5 лажици рицинусово масло
  • 5 лажици масло од кокос или бадем

 

Подготовка:

Загрејте ги за да можете убаво да се соединат, потоа измасирајте ја смесата во косата, од коренот до крајот, на веѓите и на трепките. Најдобро е да го направите ова во вечерните часови, пред спиење и да оставите маслата да ја завршат својата работа во текот на ноќта.

Треба да го повторувате овој процес еднаш неделно и да имате малку трпеливост. Резултатите нема да изостанат.

Прегледи:
718
Објавено на:
19.12.2019