Категории

Од прекрасната Јапонија – осветлени чадорчиња кои ја нагласуваат магијата на замокот Окајама

Од нејзините антички храмови и преубава природа, до нејзиниот обоен градски живот, Јапонија е полна со чудесна убавина.

Фотографот Yukari Mitani патува околу својата држава и ги фотографира нејзините најшармантни локации (а такви ги има многу!). Најновата авантура го донела до историскиот  Замок Окајама во градот Окајама, каде ја фатил неговата убавина на вечер.

Замокот Окајама, или Замокот на Враните, поради својата црна фасада, има долга историја. Бил изграден во 1597 и бил користен како воена зграда, но исто така бил и главно место на собири на продавачите и трговците од Окајама.

Голем дел од него бил уништен во Втората Светска Војна. Имал две преживеани кули-видиковци, и остатокот од структурата бил реплициран со бетон во 1966.

Денес, тој е туристичка атракција. Фотографиите ја покажуваат неговата преубава магија на вечер. Фотографиран е во текот на изложба која се вика „расцветани цветови на светла во градина од соништата“, каде што обоени бангаса, јапонски хартиени чадорчиња, биле ставани пред замокот и осветлени, со цел да се покажат нивните бои и шарки.

Еве како изгледало тоа: