Најголемата социјална мрежа на светот Фејсбук во петокот објави нова опција, која многу ќе ги издрадува коирсниците, особено искрените љубители на видеа.
Повеќе од милијарда корисници на социјална мрежа на Цукенберт, од петокот можат во делот каде се пишуваат коментарите да постават видео. Досега, коментарите се состоеја исклучиво од текст или слики, пренесува “Mashable”.
Опцијата се активира со кликнување на иконата камера, на левата страна на полето за коментари, која досега се користеше само за поставување на слики. Опцијата во моментот е достапна само за десктоп верзијата, но наскоро ќе биде достапна и на апликациите на платформите “Android” и “iOS.”
Се претпоставува дека слично како што се поставиваат слики, Фејсбук ќе одобри и снимање со паметни телефони веднаш кога оваа опција ќе се појави на мобилните телефони. Инженерот на Фејсбук, Боб Балдвин, изјави дека оваа опција е развиена уште во февруари.