Категории

ОД СКАПИ ПОДАРОЦИ, САКАМ ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ

Па што ако е клошар? Што ако е криминалец? Што ако е пропалица?

Јас не го сакам. А знаеш ли колку убаво ме гали по косата? Знаеш колку интересни филмови ми прави?

Мене ми фали внимание. Знаеш личноста со која сум била приврзана од малечка од кога не ме погалила така?

Знаеш од кога не ми кажала некој мил збор? Епа јас тоа го пронајдов кај него.

Јас сум навикната на такви работи, на многу љубов и внимание сум навикната кое како што минат годините се повеќе го губам од секого.

Од тие што сум била навикната да го добивам.

Мене воопшто не ми пречи што е таков, ниту што ќе кажат другите. Мене ништо не ми згрешил.

Јас нема да се заљубам во него. Нема да дозволам ниту да ме повреди.

Но, знам дека ќе го добијам тоа што подолго време ми недостасува. Тие скапи подароци наречени љубов и внимание.

С.

Прегледи:
716
Објавено на:
10.01.2016