Категории

Од утре се укинува полицискиот час, угостителските објекти се отвораат во четврток

Во моментов се одржува прес-конференцијата во која што техничкиот премиер Оливер Спасовски ја извести јавноста дека се намалуваат голем број рестриктивни мерки. 

Од утре целосно престанува одлуката за забрана на движењето на територија на целата земја, а од четврток почнуваат со работа угостителски објекти, со прецизно утврден протокол на отворените делови односно на терасите, а работата во затворени делови и објекти кои немаат тераси ќе се регулира во наредна фаза.