Малата Одри Нетери минатата година го „зарази“ светот со својата позитивна енергија за време на зумба настап. Сега, 7-годишното девојче, кое страда од многу редок вид на анемија, освојува срца со ново караоке видео.
Во видеото, кое е прегледувано 72 милиони пати, енергичната Одри пее и танцува, покажувајќи дека нема да дозволи ништо да ја спречи да го живее максимално своето детство.
Одри е родена со заболување на коскената срж, поради кое телото не ѝ произведува доволно црвени крвни клетки. Поради болеста, таа има поминато низ многу здравствени проблеми во нејзиниот краток живот.
Родителите на Одри објавуваат нејзини видеа за да ја подигнат свеста за болеста на ќерка си и за да соберат средства за истражувања поврзани со неа. „Секогаш кога ќе ја видам како танцува, па дури и на нејзините часови, ми се плаче. Кога танцува, таа е среќна и им носи многу радост на сите кои ја гледаат“ – вели мајката на Одри.
jajajajaja… Cuando lo das todo en el karaoke!!! :D
Posted by Wolmi Dothis on Friday, March 11, 2016