Категории

Официјално ова е најубавиот остров во светот: Дестинација од соништата! (ФОТО)

Филипинскиот остров Сиаргао, познат и по името Островот на сирените, прогласен е за најубав остров во светот. 

Станува збор за остров со големина од речиси 46 илјади квадратни километри, а брои околу 200.000 жители. Она по што е препознатлив се неверојатните пејзажи, кристално чистата вода со тиркизна боја и исклучително смирувачката атмосфера.

За да стигнете до него, мора да отпатувате до Манила, а оттаму на Сиаргао може да стигнете со чартер лет кој трае околу 2,5 часа. За разлика од популарните острови, Сиаргао сѐ уште е недопрен, бидејќи за него не знаат многу луѓе и масовниот туризам сѐ уште го нема уништено. Изобилува со прекрасни локации за сурфање, ако сте љубител на плажата со ситен, бел песок, ова ќе биде вистински рај за вас.

На овој остров ќе ве воодушеват преубавите изгрејсонца и зајдисонца, нереалниот водопад Тактак, како и необичните специјалитети од локалната кујна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aerondrone (@aerondrone) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaye Sasaki (@kayesasaki) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Lost Boys PH (@thelostboysph) on

Прегледи:
821
Објавено на:
09.08.2019