Категории

Омилен и здрав десерт: 5 причини зошто треба да пиете топло чоколадо

Верувале или не, едно од нашите омилени напивки – топлото чоколадо е многу здраво за нашето тело, а помага и да ги намалиме килограмите! Еве пет причини зошто треба да го консумирате овој пијалок …

Ги подобрува менталните способности

Неодамнешните научни студии покажаа дека овој пијалок ги подобрува менталните способности и исто така допридонесува за одржување на здравјето на мозокот.

Флавоноидите помагаат за подобрување на протокот на крв во мозокот и подобро снабдување со кислород, што влијае подобро да размислувате. Ако сакате да ја подобрите вашата меморија, консумирајте секој ден две чаши топло чоколадо. Не само што веројатно ќе имате подобра меморија, туку ќе имате и подобро расположение.

 

Содржи повеќе антиоксиданти

Истражувачите од универзитетот Корнел заклучиле дека топлото чоколадо содржи повеќе антиоксиданти од зелениот чај и од виното. Овој пијалок содржи повеќе антиоксиданти од редовното чоколадо бидејќи повеќето  од нив се ослободуваат на повисоки температури.

 

Се е подобро со топло чоколадо

Чоколадото е познато како ”подкревач” на расположението. Топлото чоколадо помага во борбата против стресот, вознемиреноста и депресијата. Овој пијалок влијае на лачењето на ендорфините, „хормонот на среќа“, што ќе го подобри вашето расположение за многу кратко време.

Негативната страна на топлото чоколадо е тоа што содржи шеќер, што во никој случај не е добро за здравјето. Затоа, треба да консумирате топло чоколадо без шеќер за да можете да ги искористите максимално својствата на тој пијалок.

 

Топло чоколадо за здрави артерии

Научниците велат дека флавоноидите во топлото чоколадо се добри за артериите. Поточно, тие го намалуваат ризикот од срцеви заболувања со регулирање на крвниот притисок и зачувување на крвните садови.

Запомнете, земајте чоколадо без шеќер, бидејќи во него веќе има сахариди и не претерувајте, две чаши на ден се доволни.

 

Помага во телесната тежина

Во случај да сакате да ја намалите тежината, топлото чоколадо може да ви помогне во тоа.

Ако се приготви правилно, овој пијалок содржи мала количина калории, така ќе можете да уживате во него и да ја задоволите вашата желба за чоколадо.

Како резултат на тоа, после топлото чоколадо ќе ви помине желбата за висококалорична храна како крофни, тесто и колачи.

Прегледи:
484
Објавено на:
08.01.2020