Категории

Омилената негативка се враќа – Марго Роби повторно како Харли Квин

Новиот филм “Birds of Prey” во кого Марго Роби ја игра главната улога – негативката која на сите ни е позната од филмовите за суперхеројот Бетмен, Харли Квинг веќе некоое време предизвикува неизвесност кај фановите, а се чини дека новиот филм ветува прилично многу.

Актерката на својот Инстаграм профил ги откри деталите околу нејзиниот изглед во оваа улога, објавувајќи го официјачниот постер на филмот. Нејзината коса е врзана во коњски опавчиња а врвовите се обоени во розова и плава боја, додека усните и се обоени во црвено – препознатливиот изглед на познатата негативка која ја знаеме од претходно.
Покрај неа во фокусот ќе се појават и актерите – Мери Елизабет Винстид, Рози Перез, Иван Мекгрегор, Крис Месин, и Ели Џеј Баско.