Категории

Опасна закана за конкуренцијата: Спенџарска си најде нова работа! (ФОТО)

По престанувањето на ангажманот во утринската емисија на телевизија Канал 5, водителката Јелена Спенџарска повторно се врати пред камерите, но овој пат како водителка на кулинарското шоу „Вип сезона“.

Изминатата недела Јела за првпат се појави како домаќинка на популарната емисија чиј водител е Ване Маркоски, а дека и влијаело и повеќе од очекуваното, покажа со тоа што веднаш ги засука ракавите во кујна и подготви специјалитет од тестенини со спанаќ со кои се пофали на социјалните мрежи.

-Одма се познава дека почнав во „Вип сеозна“. Таљатели со спанаќ погодени од прва. Значи од прва… за некој кој во кујната прави само кафе и смути. Џејми Оливер од денес доби опасна конкуренција… п.с цел рецепт на мојот Инстаграм профил, напиша Спеџарска.

На  фотографијата нејзиното прво кулинарско дело изгледа одлично, па иако не можеме да го пробаме ќе го пофалиме ентузијазмот на водителката која веднаш почна да се вклопува во новата работа средина, а воедно опасно и се закани и на конкуренцијата.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
426
Објавено на:
08.05.2017