Категории

Орхидеите го намалуваат стресот на работното место

Собните билки се убави и ни носат радост. Ова само по себе е доволна причина да бидат дел од нашиот дом или канцеларија. Меѓутоа, постојат уште поголеми причини зошто животот со собните билки е поубав. Орхидеите имаат благородно влијание врз нашето општо здравје.

1. Го подобруваат квалитетот на воздухот

Билките апсорбираат јаглероден диоксид од своето опкружување и ослободуваат кислород назад во воздухот. Бидејќи луѓето го прават спротивното, билките ни го олеснуваат дишењето.

2. Ослободуваат од стрес

Присуството на орхидеите може да има смирувачки ефект. Орхидеите или другите собни билки како украс на вашиот дом, можат да ви помогнат да се опуштите и да го намалите стресот, што покрај подобрување на расположението, може да помогне во намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и други хронични болести.

3. Ги намалуваат сезонските болести

Билките помагаат за пораст на нивото на влажноста во околината, што помага при избегнувањето на сезонските болести како што се воспаление на грлото, кашлица и сува кожа. Некои истражувања покажуваат дека високото ниво на влажност може дури и да ја намали веројатноста за ширење на грип.

4. Помагаат при лечење

Не е случајност што орхидеите се популарен подарок за болничките пациенти. Нивното присуство може да го намали нивото на стрес и да го подобри квалитетот на воздухот. На тој начин можат да го забрзаат процесот при опоравување после операција или болест.

5. Ја подобруваат концентрацијата

Истражувањата покажуваат дека присуството на билки помага при подобрување на концентрацијата и продуктивноста, па дури можат да го подобрат памтењето и до 20%.

Прегледи:
424
Објавено на:
04.10.2021