На телото му е потребно вода, храна и одмор, на душата и е потребна љубов и прегратка…
„Потребни ни се 4 прегратки дневно за да преживееме, 8 за одржување и 12 за растење“, рекла Вирџинија Сатир. Прегратката има неверојатна сила, потврдуваат психолозите, биолозите и невролозите ширум светот. Луѓето се создадени да примаат и даваат прегратки, а прегратката сама по себе е примарен општествен контакт, облик на комуникација, основна потреба, помош во развојот и одржувањето на телесно и емоционално здравје на децата и возрасните.
За возврат, индискиот гуру Ошо ја нагласува исцелителската способност на прегратката, зборувајќи за терапевтскиот потенцијал и пристапувајќи му од духовен аспект. На телото му е потребна вода, храна и одмор, на душата и треба љубов и прегратки од вистинската љубов, вели Ошо.
Љубовта е највисокиот терапевтски облик кој постои
„Во текот на една средба со своите ученици, тие побарале Ошо да им одговори на следното прашање:
Зошто е прифаќањето лековито средство кое е многу деловорно? До неодамна мислев дека се луцидноста, интелигенцијата и самоанализата главна алатка за исцелување, но тие не значат ништо во споредба со прегратката.“
Човекот има потреба да биде сакан. Тоа е една од главните потреби на човекот. Ако не се чувствува сакан, човекот ќе почне да се откажува од сѐ. Ако чувствува дека никому не е важен, губи смисла за себе.
Токму затоа, љубовта е најголемата можна терапија. На светот му е потребна терапија токму затоа што недостасува љубов. Во светот полн со љубов, терапијата воопшто не би била потребна: љубов би имале повеќе од доволно. Прегратката не е ништо друго освен гест на љубов, топлина, внимание. Едноставното чувство на топлина од другата личност може да излечи многу болести, вклучувајќи го и егото. Доволно е повторно да ве претвори во дете.
Денес психолозите откриваат дека доколку детето не е доволно гушкано и бакнувано, не може да расте нормално. Му недостасува одреден вид на храна. Душата треба да се храни, како и телото. Можете да го запознаете детето со сите физички потреби, но ако никогаш не го прегрнете, тоа нема да расте нормално. Неговата психа нема да расте. Секогаш ќе се чувствува тажно, занемарено, несакано. Физички се хранело, но не и емоционално.
Од 100 случаи, 90 болни луѓе патат првенствено затоа што немале љубов. Оттука, ако терапевтот чувствува посебна грижа за својот пациент, хранејќи го со љубов и исполнување на оваа потреба, ситуацијата на оваа личност може чудесно да се подобри.