Категории

Остануваме во онаа возраст во која не нѐ сакале доволно

Често се среќавам со луѓе кои имаат 20, 30, 40 години, но тоа е само однадвор. Однатре како да останале во раното детство и сѐ уште ја очекуваат љубовта која не ја добивале доволно. И остануваат таму сѐ додека сами не научат да пронајдат задоволство во себе.

Секоја возраст има свои потреби, што значи дека вниманието и љубовта на родителите со секоја година има свои специфичности.

Во раното детство почнува да се формира довербата, така што тогаш љубовта за детето е сочувствителната грижа на мајката за неговите потреби. Ако во таа возраст мајката била неодговорна, го отфрлала детето, тогаш тоа може да создаде кај детето сомнеж и страв за своојата благосостојба.

Кога сме повзрасни, со овие луѓе е тешко да се оствари контакт, во односите тие честопати се склони кон недоверба. Во блиските осноси можат да се чувствуваат беспомошно и ранливо.

Нешто подоцна, од 2-3 години, детето учи да биде самостојно и развива самоконтрола. Ако родителите му го попречуваат развојот во таа насока, на пример, нетрпеливо и упорно го прават она што детето може да го направи само, или спротивно, очекуваат да извршува задачи кои не може самостојно да ги изврши – тогаш се формира чувство на срам.

А ако родителите секогаш прекумерно бдеат над детето, со тоа остануваат глуви на неговите реални потреби,тогаш настанува сомнеж во своите способности, контролирањето на опкружувањето и самоконтролата.

Љубов за детето на возраст од 3-6 години е поттикнување на самостојна работа и поддршка на иницијатива, како и одобрување на љубопитност и креативност. Ако родителите во тој период не дозволуваат детето да делува самостојно, како одговор на неговите потреби претерано го казнуваат, се развива чувство на вина.

А потоа во постари години, таквите „големи деца“ немаат доволна насока кон целта и одлучност да постават реални цели и да ги остварат. Покрај тоа, постојаното чувство на вина може да предизвика пасивност, импотенцција и фригидност, како и психопатско однесување.

Во училишната возраст се формира вредноста. Ако во тој период сте се сомневале во способноста на детето или во статусот меѓу врсниците, тоа може да го обесхрабри да продолжи да учи, исто така може да се формира чувство на инфериорност, кое подоцна кај него ќе ја убие сигурноста во својата способност ефикасно да функционира и постои во светот.

За да не дојде до сето ова, бидете онаков родител каков што сте посакувале да имате.

Прегледи:
966
Објавено на:
27.01.2022