Категории

Осум луѓе во светот во рацете држат половина од светското богатство

Во рацете на само осум луѓе има богатство како кај половина од светската популација.

Осум луѓе кои се наоѓаат на листата на “Forbes” на милијардери, во своите раце држат иста вредност на имот како и половина од светската популација, и тоа ниво на нееднаквост “би можело да го уништи нашето општество”, предупредило денес здружението Oxfam пред годинешниот собир во Давос.

Најбогати осум луѓе во светот се:

● Основач на “Microsoft” – Бил Гејтс, 75 милијарди долари

● Шпански магнат – Амансио Ортега, 67 милијарди долари

● Американски инвеститор – Варен Бафет, 60, 8 милијарди долари

● Мексикански инвеститор – Карлос Слим, 50 милијарди долари

● Основач на “Amazon” – Џеф Безос, 45,2 милијарди долари

● Основач на “Facebook” – Марк Цукерберг, 44,6 милијарди долари.

● Основач на “Oracle” – Лери Елисон, 43,6 милијарди долари

● Медиумски могул – Мајкл Блумберг, 40 милијарди долари.

Ова е преправената пресметка на “Oxfam”, според која половина од светскиот имот е во рацете на 62 луѓе. Повикуваат на кревање на даночните стапки за богатите поединци и здруженија, но и на глобални договори со кои би се ставило крај на натпреварувањето меѓу земјите во намалувањето на даночните стапки.

“Oxfam” предупредува дека постои врска помеѓу јазот кој ги дели богатите од сиромашните и се поголемото незадоволство од доминантната политика.

Прегледи:
492
Објавено на:
16.01.2017