Категории

ОТКИНАТО ОД СРЦЕ: Весна Петрушевска вака и ја честиташе свршувачката на Каролина Гочева! (фото)

Наскоро свадбени ѕвона кај македонското девојче. Каролина Гочева се сврши со својот сакан Михаил Корубин, а на фотографијата што ја објави на Инстаграм и со која ја соопштува веста за само неколку часа доби над 5.000 лајкови и низа коментари со желби за убав заеднички живот.

Но нејзината долгогодишна пријателка Весна Петрушевска не можеше да се задоволи само со тоа, па својата возбуденост за среќата на Каролина ја изрази и на својот Фејсбук профил.

Таа искрено и од срце и посака најубави желби на својата пријателка.

На среќата и нема крај. Ќерка да сте вечни, насмеани, бескрајни насмевки .. ти ја заслужуваш најголемата среќа на овој свет, една од неколкуте светли и убави ликови во мојот живот. Среќна што те имам, топлина во душата… Едвај чекам да наздравиме заедно, љубов моја најмила!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
725
Објавено на:
05.05.2017