Категории

Откриена тајната: Еве како да забремените со близнаци

Последната деценија беше деценија на близнаците, имено според голем број статистички показатели во последните 10 години феноменот близнаци е зголемен за неверојатни 45 проценти. Никој се уште не е сигурен зашто е тоа така.

Луѓето ги сакаат близнаците од различни причини. Жените ги сакаат бидејќи ја завршуваат „работата“ во само еден чекор. Доколку сте Вие од оние кои сакаат близнаци гинеколозите препорачуваат неколку совети кои ќе ги зголемат шансите да добите близнаци.

Јадете сладок компир

Постојат нации кои имаат процентуално поголем број на близнаци од другите народи. Оние народи кои во својата исхрана практикуваат да јадат сладок компир  имаат голем број на близнаци. Постои теорија која вели дека одредени хемикалии кои ги има слаткиот компир помагаат жените да зачнуваат близнаци.

Забременете додека доите

Неодамнешните истражувања докажаа дека доколку забремените во текот на доењето имате 70 проценти повеќе шанса да зачнете близнаци. Објаснувањето вели дека помалото количество на калциум во организмот влијае на ќелиите и нивната активност во текот на овулацијата.

Затруднете на постари години

Колку сте постари но не над 32 годни, толку е поголема веројатноста да зачнете и родите близнаци. Причината е зголемената овулација на повеќе јајце клетки, што доведува од веројатност за близнаци.

Ако сте близнак

Доколку и Вие сте близнак имате поголема шанса да зачнете близнаци.

Имате близнаци во поширокото семејство

Ако во вашето семејство особено ако тие се од страна на вашата мајка, Вие имате голема шанса да добиете близнаци. Во тие случаи почесто се раѓаат двојајчани близнаци. Причината е генетската предиспозиција да овулирааат повеќе јајце клетки.

Хормонска терапија

Некои жени земаат лекови кои ја зголемуваат плодноста а со самото тоа ја зголемуваат и можноста за зачнување на близнаци.

Вештачко оплодување

Вештачкото оплодување се препорачува на оние семејства на кои тоа им е единствен начин да зачнат. При самото вештачко оплодување се зголемува шансата за близнаци, па и тројка или четворка.

 

Прегледи:
2771
Објавено на:
27.07.2016