„Не сум моментално за врска“ – реченица која сигурно сте ја слушнале повеќе пати, а која воедно успева да ве збуни толкувајќи го нејзиното значење…
Неколку мажи кои речиси секогаш се сами, одлучиле да откријат зошто се плашат од врските и изгледа дека стравот не е дел од тоа.
„Не се плашам од врска, едноставно не сакам. Ја сакам својата слобода, сакам да бидам на работа и да знам дека никој нема право да ме малтретира со глупости. Сакам да дојдам дома знаејќи дека немам обврски да се видам со некого. Знам дека тоа не е долгорочно решение, но моментално ми одговара и сакам да бидам сам“, Марио (25).
„Поголемиот дел од девојките кои ги познавам се плашат да бидат сами и бараат било каков дечко. Мислам дека мажите едноставно не се такви. Нас не ни е потребна сигурноста која доаѓа со врската, сосема е океј да сме сами. Јас моментално немам девојка – имав пред шест месеци. Сега сум соло додека не дојде некоја поради која ќе посакам да се врзам. Како и да е, не ми паѓа на памет да бодам со било која само за да бидам во врска“, Јован (30).
„Моногамијата едноставно не е за мене. Се обидов и никогаш не успеав и гги изневерував сите девојки. Мислам дека е фер од мене да ја прекинам врската и да продолжам со односите без обврски“, Филип (40).