Тим од непалски водичи е првата експедиција која се искачи на Монт Еверест оваа сезона и постави стотина јажиња за останатите љубители на овој спорт.
Непалското Министерство за туризам соопши дека водичите фиксирале јаже на врвот, на 8 850 метри.
Како што е соопштено, временските услови биле поволни, за разлика од претходните денови.
Вкупно 41 тим кој брои 378 учесници оваа сезона имаат дозвола да се искачат на „врвот на светот“. Во тоа ќе им помогнат исто толкав број на непалски водичи.
Обично само неколку пати во текот на сезоната на искачување временските услови се поволни за акција.