Усеин Болт изгледа дека има конкуренција – и тоа од 7-годишно дете. Рудолф „Блејз“ Инграм го запали интернетот повторно по видеото од неговиот спринт на 100 метри за само 13.48 секунди. Блејз го привлече вниманието на јавноста пред шест месеци кога НБА ѕвездата Леброн Џејмс сподели видео од овој млад атлетичар кој трча побргу од одбраната на фудбалскиот натпревар.
Блејз започнал да тренира кога имал само 4 години, поставувајќи рекорд за негова возраст.