Категории

Ова девојче има и до 100 епилептични напади на ден, а нејзиното куче ја спасува! Еве како го прави тоа

Единаесет годишната Мили Веб има редок облик на епилепсија. Во денот може да доживее и до стотина напади, а причина за тоа може да биде дури и нејзината насмевка. Мили не смее да биде сама бидејќи секој напад може да биде фатален и да резултира со оштетување на мозокот или да се угуши со својата плунка. Сите работи кои ги прават нејзините врсници, како прослава на роденден или капење во базен, за неа биле незамисливи сѐ додека во нејзиниот дом не се вселило кучето Елмо кој може да го предвиди нападот уште пред да се случи.

Имено, тригодишниот Елмо, од расата бишон, ја поминал обуката и со Мили ќе може да оди дури и на училиште. Кога ќе го почувствува нападот, Елмо лае и така ги предупредува родителите дека се приближува напад и тие имаат време да се подготват. Во една прилика, тој го извлекол девојчето од базен и така го спречил нејзиното давење.

„Од самиот почеток се неразделни и најдори пријатели. Елмо секогаш ја следи Мили. Тој е заштитнички настроен кон неа, а кога ќе го воочи нападот станува нервозен и до неа е сѐ додека не помине.

Во 2017. Мили имала тешка операција на мозокот со која докторите се обиделе да влијаат врз нејзините напади. Ѝ отстраниле од 15 до 20 посто од мозокот за да ги намалат нападите. Операцијата не била успешна, но и помогнала на Мили со памтењето и концентрацијата, па сега од училиште за деца со посебни потреби ќе може да се префрли во регуларно училиште.

Епилепсијата и е дијагностицирана кога имала само четири години, а напади може да доживее во секој момент.

„По операцијата немала напади, но по 29 денови повторно почнале да се случуваат. Понекогаш има и по 100 во денот, но сега ги поднесува полесно и откако ќе поминат таа е уморна и под стрес. И биле потребни неколку месеци да се опорави. Докторите се трудат да ја откријат причината за нападите, но безуспешно. Се надеваат дека ќе се појават нови третмани, па лековите кои би можеле да и помогнат ќе станат достапни.