Категории

Ова е најбрзиот начин да ја вратите енергијата: Овошни сокови за добро здравје! (РЕЦЕПТ)

Брзиот начин на живот, храната богата со штетен холестерол, лошите животни навики, како и неправилниот дневен ритам и неквалитетниот сон, влијаат врз слабеењето на имунолошкиот систем, а со тоа стануваме подложни на различни болести.

За да ја подобриме општата здравствена состојба и да го зајакнеме имунитетот на организмот, најпрво треба да внесеме измени во дневната рутина и животен стил. Најбрз и најлесен начин да го нахраните организмот со неопходните витамини и минерали е сокот, а кој вид ќе го изберете, тоа оставаме на вас.

Сок од грејпфрут

Содржи горчливи материи кои не прават сити, како витамин Ц. Одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем и намалување на апетитот.

Сок од ананас

Полн е со минерали и витамини, а исто така е одличен сојузник во борбата против инфекциите и воспаленијата. Добар е за бубрезите, црниот дроб, а ја подобрува и функцијата на штитната жлезда.

Сок од јаболко

Ги зајакнува мускулите и нервите снабдувајќи ги со калиум и калциум. Останатите состојки штитат од заболувања на цревниот систем.

Сок од портокал 

Содржи вишок витамин Ц кој го зајакнува ткивото. Доколку се пие со храна, му помага на телото да го апсорбира железото.

Сок од праска

Благодарение на провитаминот А, ја прави кожата поубава и го подобрува видот. Ниацинот и другите супстанци помагаат нервозата побргу да пројде.

Сок од грозје

Поради високото количество на шеќер, овој сок бргу снабдува со енергија. Содржи железо кое е важно за крвта, а исто така ги зајакнува ноктите.

Сок од банана

Благодарение на калиумот, го намалува крвниот притисок. Богат е со серотонином, кој го подобрува распложението и на природен начин помага во борбата против ПМС.

Сок против замор (потребно за една чаша):

• 150 мл сок од грозје
• 100 мл сок од црвен грејпфрут
• 1-2 лажички гроздов шеќер
• сок од еден лимон

 

Прегледи:
763
Објавено на:
07.05.2018