Категории

Ова е најскапата новогодишна елка на светот: Еве зошто вреди речиси 14 милиони евра!

Вчера јавно е претставена најскапата новогодишна елка на светот, чија вредност се проценува на 13.95 милиони евра.

Изложена е во холот на луксузниот хотел Кемпински во Марбеља, Шпанија, за да го означи почетокот на празничната сезона, а толкава вредност достигнува поради исклучитело вредните украси.

Сите украси лично ги креирала и исцртала британската дизајнерка на познатите, уметницата и стручњак за дијаманти Деби Вингам, а поголемиот дел од декорациите за елката ги надополнила со драгоцености. На дрвото се наоѓаат и некои од најскапите уметнички дела ширум светот.