Категории

Ова е причината зошто професијата на Кејт Мидлтон ја шокираше јавноста!

Според крштеницата на родениот принц Луис која излезе во јавност, професијата на неговата мајка, војвотката од Кембриџ е – принцеза!

Кејт, како сопруга на принцот Вилијам кој е по професија принц, често ја нарекуваат принцеза но всушност таа не е тоа, бидејќи таа титула ја стекнала со стапувањето во брак со Вилијам, идентично како што ќе биде во случајот на Меган Маркл откако ќе стапи во брак со принцот Хари.

Тамошната јавност поради ова поставила прашање: Зошто на крштеницата не пишува „син на принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ“? Сепак, тоа и е нејзина титула, војвотка од Кембриџ.

Целото недоразбирање настанало околу прашањето што е титула, а што професија. Без обзир на тоа што не е родена прнцеза и што тоа не е нејзина професија, кога Вилијам ќе стане крал, јавноста неа секако ќе ја нарече кралица, бидејќи ќе го дели социјалниот статус со сопругот.

Прегледи:
396
Објавено на:
05.05.2018