Категории

Ова е рецептот за наједноставниот чизкејк од три состојки (ВИДЕО)

За да го приготвите овој чизкејк потребни ви се само три состојки – јајца, кремсир и бело чоколадо. Оние кои го пробале велат дека е фантастичен. Посебно е вкусен ако го оставите малку да се олади во фрижидерот.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 120 гр бело чоколадо
  • 120 гр кремсир

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени и додека се грее, одвојте ги белките и оставете ги во фрижидерот додека не ви притребаат. Чоколадата омекнете ја во друг сад со топла вода (температурата на водата неа биде околу 60 степени) и додадете го кремсирот за да се стопи се заедно. Добро промешајте.

Потоа, измешајте ги белките и 1/3 од нивната смеса ставете во првата смеса и убаво измешајте. Потоа додадете го и остатокот.

Во кружен калап ставете масна хартија премачкана со малку масло. Полека ставајте ја смесата во калапот и печете 15 минути на 170 степени, потоа уште 15 минути на 160 степени, а потоа исклучете ја рерната и оставете го колачот во неа уште 15 минути. Потоа извадете го и оставете го во калапот додека не се олади.

Прегледи:
480
Објавено на:
15.02.2018