Категории

Ова е сè што ви е потребно за да организирате успешен настан

Доколку планирате конференција од големи размери, настан, или, пак само мал состанок, потребно е место кое ќе ги исполнува потребните услови за одржување. Изборот на совршено место за вашиот настан може да биде навистина голема задача.

Кога станува збор за корпоративните настани и состаноци, за да вродат со успех овие настани кои се добра шанса да се зголеми врската меѓу вработениот и компанијата, да се зајакне неговото чувство на припадност, гордоста да се биде дел од тимот и неговата идентификација со корпоративните вредности, просторот и организацијата се од големо значење.

Организацијата на настан е една комплексна задача, која бара голема посветеност и искуство. За среќа, кај нас постои место кое е создадено да ги задоволи сите стандардите кога станува збор за организација на секаков вид на настани.


На пет километри од центарот на градот, во пријатна и тивка околина се наоѓа центарот за свадби и настани Аликас. Поради својот уникатен изглед и мултифункционалност, овој објект за кратко време прерасна во најбараната локација за свадби, настани и други свечености. Простран, со уникатен ентериер, разновидно мени прилагодено според потребите на организираниот настан, во Аликас ќе ве пречека прекрасна атмосфера погодна за конференции, родендени, модни ревии, како и корпоративни прослави, состаноци, хуманитарни настани.

…да ја рашириме празничната магија! Ресторан Аликас во организација со СОС Детско Село Македонија и подршка на многу пријатели, на децата од детското село им организира предновогодишна забава, со многу изненадувања и подароци. Целта ни е да ја пренесеме пораката до јавноста дека особено празниците се време да направиме нешто за другите, да подадеме рака и несебично да стоплиме нечија душа оваа празнична сезона. Настанот е од затворен карактер и учеството е само преку даден придонес за ширењето на празничната магија за децата од СОС детското село. Доколку сакате да дадете свој придонес за децата, тоа можете да го направите директно во „СОС Детско Село Македонија“ http://sos.mk/ #аликас #restaurant #скопје #skopje #macedonia #happiness #celebration #инстаграмџики #инстаграмџии #фото #фотонаденот #фотонанеделата #newyear

A post shared by Allikas wedding & event center (@allikas_skopje) on


Доказ за успешната организација од страна на професионалниот тим во Аликас се веќе одржаните настани меѓу кои и големиот мотивационен настан „100 жени претприемачки“. На оваа конференција присуствуваа жени кои имаат сопствен бизнис, кои се менаџерки на водечки позиции, но и жени кои имаат неограничени претприемачки идеи, хуманитарните настани поддржани од пријатели како што е случајот со веќе одржаната предновогодишната забава за децата од СОС детското село, модни ревии, танцови групи и уште многу други настани на големи и докажани компании од различни сфери.


Среќата и успехот заслужуваат да бидат прославени на соодветен начин, во друштво на оние кои придонеле да дојде до тоа. Затоа, не губете време и закажете го својот настан во центарот за свадби и настани Аликас, создавајќи спомени кои траат засекогаш.

Прегледи:
580
Објавено на:
25.01.2018