Категории

Ова куче и го спасило животот на својата бремена сопственичка – погледнете како

Ова е уште еден доказ како кучињата навистина можат да почувствуваат кога нешто не е во ред со здравјето на своите сопственици. Во такви случаи кучињата го менуваат однесувањето и се обидуваат да го предупредат сопственикот дека нешто не е во ред.

Ова е случај и со бремената Алана Батлер од Велика Британија кон крајот на 2015 година. Нејзиното куче, Кеола одеднаш почнало да се однесува чудно.

Се започнало кога Алана почнала да чувствува болка во долниот дел од грбот. Мислела дека е тоа последица на бременоста, а болката била навистина силна па поради тоа посетила доктор, но и тој болките ги препишал ако нуспојава на бременоста.

“Кога ме пратија докторите дома и ми рекоа дека не е ништо сериозно, Кеола само седеше и ме следеше со толкава внимателност што дури и се исплашив. ”

Како одминувало времето, кучето се повеќе и повеќе покажувало вознемиреност и приврзаност – трчало по неа, ја буткало и квичело. Особено се вознемирувало кога Алана одела на работа. По сите овие знаци, Алана и нејзиниот сопруг сфатиле дека нивното куче се обидува да им “каже” нешто сериозно.

Алана повторно отишла во болница каде што веднаш била префрлена на интензивна нега. Дијагнозата била шокантна – ја делело малку време од смртта бидејќи имала опасна, многу ретка инфекција на двата бубрега. Тоа било и причината за силната болка во долниот предел на грбот. Лекарите ја спасиле во последен момент.

Кеола сега ја сметаат за ангел чувар на своето здраво дете кое го родила Алана. Кучето сега внимателно се грижи за него, а кога е болен, Кеола не се одвојува од него.

 

Прегледи:
310
Објавено на:
27.11.2017